Рекордно високи температури во Јапонија: „Ве молиме да ја намалите потрошувачката на електрична енергија“

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Јапонските власти предупредија на можен прекин на електричната енергија во понеделникот, пренесува АФП, додавајќи дека Токио бележи рекордно високи температури, со најкратката дождовна сезона во неговата историја.

„Бараме од јавноста да ја намали потрошувачката на електрична енергија во вечерните часови бидејќи резервите на електрична енергија во пошироката област на Токио се на најниско ниво“, изјави помошникот генерален секретар на јапонската влада Јошихико Исозаки.

Владата ги советуваше и граѓаните да се заштитат од горештините за да избегнат топлотен удар.

Во Токио температурите се искачија на 35 степени Целзиусови и нема да паднат под 34 степени до недела, објави Јапонската метеоролошка служба (JMA).

Во селото Исесаки, на околу 100 километри северно од Токио, забележани се 40 степени Целзиусови.

Слични содржини