Откако во почетокот на февруари жители на федералната престолнина на Канада успeaа да го соборат светскиот рекорд за правење снежни луѓе и влегоа во “Книгата на рекорди”, нивниот рекорд веќе го надминаа Јапонци.
Во градот Иијама префектурата Нагано, беше поставен светски рекорд по број на снежни луѓе, направени за еден час, пренесоа агенциите.Локалните медиуми објавија дека веќе е добиен официјален сертификат од канцеларијата на “Книгата на рекорди”. Жителите на Иијама успеаја да изградат цела снежна армија – точно 1585 снежни фигури. Учесниците во трката за правење снежни луѓе беа 630 лица.
Барањата за секој снешко не се разликуваат многу од традиционалните – фигурата не треба да е помала од 90 см, на главата мора да се стави капа, може и кофа. Некои елементи можеше да се одбележат со боја, но за нос задолжително се користеше морков.
Претходниот рекорд беше поставен во Канада на фудбалскиот стадион во Отава “Ти Ди плејс стејдиум” (TD Place Stadium). Тогаш околу 500 луѓе – деца и нивните родители – се справија и со предизвикот на ниската температура на воздухот – околу минус 30 степени Целзиусови. Во почетокот на февруари за 60 минути Канаѓаните изработија 1299 снежни фигури. А во Јапонија беше минус осум и снегот беше сув, што дополнително им отежнуваше на “натпреварувачите”.
Рекордот на американскиот Солт Лејк Сити (Јута), беше од 2011 година. Тогаш таму создадоа “снежна армија” од 1279 “snowmen“.