Нарушувањето на јавниот ред и мир или предизвикувањето општа опасност на јавно место со употреба на оружје е сериозно загрозување на безбедноста на граѓаните кои се наоѓаат на тој јавен простор. Во споменатите случаи не можеме дека можеме да зборуваме за загрозување на безбедноста на државата или гладвниот град, бидејќи тие проценки и оценки вклучуваат други критериуми и индикатори. Но, споменатите случаи даваат можност за оценка и предикција на сегашни и идни случувања поврзани со членовите на криминалните групи кои се добро познати на полицијата, вели за „Локално“, универзитетската професорка Фросина Ременски за тоа дали е нарушена безбедноста на граѓаните во земјава по зачестените претстрелки на јавни места, особено по пукањето во „Ист Гејт Мол“ сред бел ден.
Според неа, за да се превентираат вакви и случни случаи кои имаат елементи на одмазнички криминални пресметки од причина што групите и нивните членоови имаат историја на криминално дејствување и поведение, потребна е засилена проактивност на полицијата во сите сегменти на своето оперативно делување.
-Тоа би имало за цел неутрализирање на сите можности за криминално делување и поврзување на учесниците во групите, а со тоа и расчистување на случаите со криминално мотивираните обиди за убиства и убиствата. Само така полицијата може да ја избегне перцепцијата и заклучоците кои се создаваат во јавноста дека, повеќе се грижи да ги најде напаѓачите и пукачите кон припадници на криминалните групи отколку да работи на намалување на сите можни веројатноости ваквите криминални пресметки на јавни места да го загрозат животот и безбедноста на невини лица кои се наоѓаат на јавното место на кое се пука, независно дали е улица, кафуле, ресторан или трговски центар, посочува Ременски.
Професорката по безбедност истакнува дека безбедносните предизвици секојдневно се зголемуваат и бараат соодветно делување на сите чинители, почнувајќи од секој поединец до институциите на системот. Алармот за справување на со безбедносните ризици е вклучен само со овие пукања на јавни места, туку многу пред тоа.
-Сетете се на дојавите за бомби во училиштата, за врсничкото насилство. Се е тоа безбедноосен предизвик што бара мултисекторска соработка и не ја вклучува само полицијата во барањето и изнаоѓањето на решенија, туку сите засегнати страни – приватниот сектор, училиштата, невладините организации, локалната самоуправа (општините), граѓаните, младите, медиумите. Зборував за два конкретни предлози кога се случуваа дојавите за бомби во училиштата. За воведување на детектор за метал (врата) на влезот на училиштата и воведување на училишен полицаец што ќе придонесат за намалување, справување и превенирање на сите форми на насилство и девијантно однесување на младите во училиштата, ќе помогне на педалошките служби во секторската комуникација за проблемите кои бараат вклучување и на други институции и ќе се обезбеди заштита од внесување на секаков вид на средства кои моожат да се употребат или злоупотребата во нарушување на безбедноста на другите. Воведување на скенери пред молови не е непознат начин на работа во големи урбани, развиени градови. Но, паралелно со тие мерки оди и засилена работа на сите полициски, криминалистички и безбедносни служби во раното детектирање на ризиците од загрозувања на безбедноста на јавен простор и сузбивање на сите форми на урбано криминално делување на вооружени групи и поединци, посочува соговорничката.
Околу можноста да се зголемат надлежностите на лицата кои се обезбедување во објектите, во насока да можат да носат огнено оружје, Ременски ни вели дека надлежностите на агенциите за обезбедување на лица и имот се утврдени и уредени со закон во кој јасно се наведуваат овластувањата на лицата кои обезбедуваат лице или имот, за тоа што можат, а што не можат да прават. Оценува дека носењето и употребата на огнено оружје од страна на лице кои обезбедуваат имот или лице е строго ограничено и секое проширување на тие овластувања би значело нивно поистоветување во правата на припадниците на МВР, кое не оди на иста линија со контролата и одговорноста за истото.
-Дополнително што, употребата на огнено оружје како смртна сила е најстрого детерминирано за припадниците на МВР и подлежи на најстрога контрола и проверка на примената, што воопшто не е исто со одговорностите на лицата за обезбедување на имоти и објекти. Како земја со слаби државни, контролни механизми кон приватниот безбедносен сектор, се уште е рано да зборуваме за проширување на нивните надлежности. Тоа секако не значи дека, добрата соработка на МВР со агенциите (секој во доменот на своите надлежности и овластувања) во интерес на јавната безбедност и безбедноста на граѓаните не треба да се подобрува и зголемува, тврди професорката.
За обвинувањата на опозицијата дека МВР преку социјалните мрежи го бара сторителот кој пукаше кон Раде Трајковски-Штекли и неговиот другар, Ременски наведува дека пронаоѓање на лицето веднаш е прашање на кое одговор треба да даде полицијата од аспект на тоа што и кога презела да го лоцира и лиши од слобода лицето и кои други мерки ги презема за расчистување на случувањата поврзани со дејствувањата на криминалните групи и нивните членови за кои има подолга полициска историја. Професорката е децидна дека на тоа треба да се работи континуирано.
-Не треба да радува фактот што криминалците сами се пресметуваат меѓусебно, наспроти потребата од неутрализирањето на нивните делувања да го прави државата. Само така може да се превенираат и сузбијат многу други форми на нива криминална активност, не само решавање на нивните одмазнички престрелки кои се потенцијална опасност за загрозување на животите на граѓаните и јавната безбедност. Социјалните мрежи имаат силно влијание и претставуваат извор на информации за сите безбедноосни служби, меѓу кои и за полицијата. Легитимна е нивната употреба и користење како алатка за информирање или собирање на информации. Тоа не е непознато во рамки на развиените полиции. Прашањето е колку често нашата полиција ги употребува и колку не ги употребува за добивање на информации за поостапување во своја надлежност, заклучува Ременски.
Н.П.