Renault и Google ја прошируваат соработката: Автомобилите ќе станат како мобилни телефони

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Renault и Google jа прошируваат соработката за да ја подобрат можноста за надградба на софтверот преку Интернет.

„Сакаме автомобилот да стане интелигентен објект кој учи и може да се надградува преку Интернет како мобилен телефон“, изјави извршниот директор на француската компанија, Лука де Мео.

Многу производители на автомобили се обидуваат да стигнат до Tesla во однос на технолошките способности, вклучувајќи ја и опцијата за далечинска надградба на возилата. Партнерството со технолошката компанија Google ќе му овозможи на францускиот производител да му понуди на возачот повеќе софтверски подобрувања, како и дополнителни услуги на барање. Новите дигитални функции во возилото ќе генерираат дополнителен приход за Renault, а еден од новите системи ќе биде и можноста за наоѓање автомобили на големи паркинзи.

Партнерството меѓу Renault и Google ќе и овозможи на француската компанија да ја забрза својата дигитална трансформација, од почетокот на дизајнот на автомобилот до неговото пазарно претставување, низ целиот производствен процес.

Ова ја демонстрира „хоризонталната стратегија“ под Де Мео, која вклучува соработка на софтвер со програмери, наместо развивање на технологијата внатре во Renault, стратегија која имаше мешани резултати кај другите традиционални производители на автомобили.

Слични содржини