Француските Renault и јапонските компании Nissan и Mitsubishi денеска објавија дека планираат да ја продлабочат соработката во производството на електрични возила (EВ), со цел да ја зајакнат конкурентската позиција на оваа 20-годишна алијанса на пазарот, кој преминува на електрични возила.
Тројцата автомобилски партнери во соопштението изјавија дека ќе го зголемат бројот на заеднички платформи за електрични возила (ЕВ) од четири на пет и планираат да воспостават комбинирана производствена линија на електрични возила за 35 автомобили до 2030 година, пренесе Ројтерс.
Партнерите во соопштението додаваат дека до 2026 година, четири петтини од сите модели произведени од нивната алијанса ќе делат заеднички платформи во споредба со сегашните 60 проценти.