Renault планира електричен автомобил за помалку од 23.000 евра

од Vladimir Zorba
314 прегледи

За електромобилноста да биде успешна, автомобилите мора да бидат достапни. Малите автомобили сè уште чинат значително повеќе од нивните „колеги“ со мотори со внатрешно согорување.

Сега трендот се врти, па производителите се обидуваат да ги намалат цените, на пример, VW сака да го понуди ID. 2 за помалку од 25.000 евра. Дури се наведува дека ID.1 ќе биде достапен за помалку од 20.000 евра, додека Renault планира евтин електричен автомобил за помалку од 23.000 евра. Додуша, сето тоа се само најави, посочува „ХАК“.

Моделот на Renault треба да биде лансиран на пазарот во 2027 година, а како еден од ривалите се споменува VW ID.1. Французите беа инспирирани од јапонските микроавтомобили Kei. Ова го изјави извршниот директор на Renault, Лука де Мео, на конференција организирана од Фајненшл Тајмс. Kei Cars се мали автомобили, долги околу 3,5 метри и се исклучително популарни во Јапонија.

Евтиниот електричен автомобил може да ја дели CMF BEV платформата со новиот Renault 5 и неговиот спортски „братучед“ Alpine A290. Сепак, може да се базира и на електричниот Dacia Spring.

Слични содржини