Renault SA планира да укине уште 2.000 работни места и да продолжи да произведува девет нови модели во Франција, како дел од преориентацијата на домицилниот пазар во производител на електрични возила.
Француската автомобилска компанија преговара со синдикатите за укинување на 1.600 инженерски и 400 помошни позиции помеѓу 2022 и 2024 година, пренесе агенцијата „Блумберг“. Во истиот период, ќе регрутира 2.500 нови луѓе, вклучувајќи експерти во науката за податоци и хемискиот механизам на батерии за електрични возила.
Бидејќи француската држава е и најголем акционер на Renault, извршниот директор на компанијата Лука де Мео мора да одржува рамнотежа во обид да го трансформира производството.
Познатиот производител на автомобили минатата година објави дека ќе укине околу 14.600 работни места ширум светот – вклучувајќи 4.600 во Франција – и ќе го намали производствениот капацитет за речиси една петтина во следните неколку години.
Во исто време, Renault има намера да направи девет нови модели до 2025 година, од кои повеќето ќе бидат електрични возила, произведени во главната фабрика во северна Франција. Ова ги вклучува новите Megane, Renault 5 и Kangoo, како и SUV и уште еден автомобил за кој се уште не се пишува детално во медиумите.
Плановите за производство зависат од постигнување договор со синдикатите. Како одговор на политичкиот притисок да го задржат производството во нивната земја, раководството на компанијата ја нарече Франција „стратешки и индустриски центар“.