Рено: Би било лудо да кажеме дека ќе ги победиме Мерцедес и Ферари во 2019-та

од Vlatko K

Новиот технички шеф на Рено, Марсин Будковски призна дека е лудо некој да претпоставува дека францускиот тим може да влезе во битката за титулата со Ферари и Мерцедес уште следната година. Рено се врати како конструктор во 2016 година, откако го купи Лотус, и оттогаш започна создавањето на тим кој ќе одговара на нивото на двата врвни тима. Во последниве месеци, францускиот тим постигна постојан напредок и сега е четврти кај конструкторите. Покрај тоа, Французите исто така си го загарантираа потписот на Даниел Рикардо за сезоната 2019 и 2020 година.

Сепак, разликата во перформансите помеѓу Рено и третата екипа во пласманот, Ред бул е голема. Затоа Будковски не мисли дека е можно Рено да се натпреварува заедно со Мерцедес и Ферари пред новите регулативи во Формула 1 во 2021 година

„Се надевам дека следната сезона ќе биде уште подобра од овој, но мора да одиме чекор по чекор. Не верувам дека со леснотија ќе ги стигнеме двата тима кои имаат изградено масивни организации со супер компетентни луѓе кои работат таму долги години. Стабилноста на овие структури им се исплати сега. Би било лудо да кажам дека догодина ќе ги победиме. Објективно кажано, во 2019-та ќе продолжиме со прогресот и ако ја намалиме разликата со топ тимовите ќе биде доволно достигнување. Се надевам во 2020 година да бидеме уште поблиску до нив. Не сакам да правам никакви претпоставки за следната сезона, бидејќи се бесмислени. Во 2021 година, сепак пред нас се отвора огромна можност и мора да имаме корист од неа. Секоја промена во правилата е како ризик, така и можност. Дотогаш ние ќе изградиме организација која е поефективна. Нема причина зошто нашите амбиции за 2021 година да не се високи“, рече Будковски, кој се пресели во Рено од ФИА.

Тој верува дека тимот сè уште не може да го открие својот целосен потенцијал.

Слични содржини