Реновирано ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром

од Берта Китинска

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на Советот, Ивана Цветковска, денеска извршија увид во основното училиште „Блаже Конески“, кое неодамна беше реновирано.

Дел од училниците добија нов под, нови ПВЦ-врати, завеси, ЛЕД-светилки и плакари во канцелариите и училниците. Поставен е и ламинат на подот во кујната на училиштето, како и во канцелариите, кои исто така добија и нови плакари. Реновирањето опфати и санација на дел од тоалетите во училиштето.

„Секојдневно работиме на подобрување на условите во кои учат нашите ученици. Посветени сме на нашите најмлади, тие се нашата иднина“, рече градоначалникот Mарин при посетата.

Нови училници неодамна доби и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што целосно напуштени и руинирани простории беа комплетно реновинари и адаптирани за настава.

Нови училници се градат и во ООУ „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче, со што се укинува третата смена во ова училиште. Исто така, според предвидената динамика се гради и целосно новиот објект на ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.

Слични содржини