Некаде пред полноќ заврши операцијата на македонската репрезентативка Робертина Мечевска која со тешки повреди беше примена во Ургентниот центар, откако паднала од петтиот спрат во зградата каде што живее во населбата Острово. Таа според медициски извори сега е во стабилна здравствена сосотојба .На ракометарката и била извадена слезината која била повредена, а имала и скршеници по телото.
„ Операцијата заврши, незината состојба е стабилна. Млада е и се надеваме дека се ќе се заврши добро. По ова пациентката ќе биде однесена на одделот за интензивно лекување“, изјавија за НОВА од хируршките клиники.
Капитенката на женската ракометна репрезентација и членка на шампионот ЖРК Вардар, Робертина Мечевска, паднала од прозорец од петти кат во својот стан во населбата Острово. Полиција допрва ќе утврдува како се случила несреќата.
