“Република“ ги демантира тврдењата на Шилегов

од desk3
106 прегледи

republika

Во врска со обвинувањата од страна на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов изнесени во изјава за медиуми, а во врска со, наводно, приходи од Владата на РМ, „Прва Република“ д.о.о.е.л. Скопје најостро реагира и ги демантира ваквите тврдења. Шилегов изнесе груби лаги и невистини за непостојни приходи, кои беа искористени во конотација да се наруши угледот и имиџот на медиумот. „Прва Република“ д.о.о.е.л. бара од СДСМ, но и од сите медиуми што ја пренесоа изјавата да го објават демантот во целост и да се извинат за изнесените лаги.

(ВИДЕО) СДСМ:Груевски е вистински газда на режимските медиуми

За изнесените невистини од страна на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, „Прва Република“ ќе поднесе соодветна пријава пред надлежните органи. Во исто време, против Шилегов и медиумите што ја пренесоа информацијата ќе биде поднесена соодветна пријава и за противзаконско објавување лични податоци.

 

Интегрален текст