Република Српска забрани увоз на 20.730 килограми грозје со потекло од С. Македонија

од Vladimir Zorba

Фитосанитарната инспекција на Република Српска забрани увоз на пратка од 20.730 килограми свежо грозје со потекло од Северна Македонија поради зголемената содржина на пестициди.

При редовниот преглед на пратката храна од растително потекло при увоз, надлежниот инспектор извршил земање мостри за лабораториска анализа со цел да се испитаат остатоците од пестициди, објави Инспекторатот на Српска.

Во анализираниот примерок, присуството на пестициди „фосмет“ е утврдено над вредностите пропишани со Уредбата за максимално ниво на остатоци од пестициди во и за добиточната храна од растително и животинско потекло, се вели во извештајот издаден од Институтот за вода Бјелина во лабораториска анализа, која го испитувала присуството на 180 активни материи.

Постапувајќи во согласност со резултатите од анализата, инспекторот издал решение со кое се забранува увоз и нареди враќање на спорната пратка на испраќачот или уништување под надзор на надлежниот инспектор, се додава во информацијата, цитирана од српските медиуми.

Слични содржини