Републиканските пратеници започнаа активности за повлекување на САД од Обединетите нации, поради загриженоста дека меѓународната хуманитарна организација и организација за човекови права не успева да ги промовира американските интереси и да се усогласи со агендата „Америка на прво место“ на претседателот Доналд Трамп, пишува „Фокс“.
Сенаторот Мајк Ли со кој ќе се прекине членството на САД во ООН и нејзините поврзани тела. Сенаторот Марша Блекбурн е ко-спонзор на мерката.
Републиканскиот конгресмен од Тексас, Чип Рој, е подготвен да ја воведе мерката во Претставничкиот дом во петок, тврдејќи дека ООН и нејзините тела не ги унапредуваат интересите на Американците.
„Обединетите нации се претворија во платформа за тирани и место за напад на Америка и нејзините сојузници“, рече Ли во четвртокот во изјава за „Fox News Digital“.
„Треба да престанеме да плаќаме за тоа. Додека претседателот Трамп ја револуционизира нашата надворешна политика ставајќи ја Америка на прво место, треба да се повлечеме од оваа лажна организација и да им дадеме приоритет на вистинските сојузи кои ја одржуваат нашата земја безбедна и просперитетна“, истакна тој.
Соединетите Американски Држави обезбедуваат повеќе финансии од која било друга земја на ОН, донирајќи повеќе од 18 милијарди долари во 2022 година, според нивните тврдења. Тоа сочинува приближно една третина од целиот колективен буџет на ОН.