Републиканците доставија предлог-закон до Сенатот на САД, со кој ќе се обезбедат две милијарди долари годишно и друга помош за зајакнување на одбраната на Тајван.
Предлогот на републиканците е во момент кога Тајван се соочува со се поголем притисок врз Пекинг.
Предлог-законот предвидува одобрување на две милијарди годишно за странско воено финансирање, американски грантови и заеми, со кои ќе може да се купи оружје и одбранбена опрема произведена во САД до 2032 година.
САД, кои формално не ја признаваат независноста на Тајван, но се главен снабдувач на оружје за Островот.
Пекинг неодамна го зголемил воениот притисок врз Тајпеј, вклучително и неколку мисии на кинески воени авиони во близина на Тајван, за кој Кина тврди дека е нејзина суверена територија.