Републиканците во Тексас официјално ги отфрлија резултатите од изборите во 2020 година

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Претставниците на Републиканската партија во Тексас официјално го отфрлија изборот на Џозеф Баден за претседател на САД на изборите во 2020 година.

– Ги отфрламе резултатите од претседателските избори од 2020 година и сметаме дека Џозеф Бајден не е легитимно избран од народот на САД, се наведува во резолуцијата на Републиканската партија усвоена на конвенцијата.

Еден од предложените принципи во последната платформа на Републиканската партија на Тексас вклучува критикување на хомосексуалноста и спротивставување на „сите напори да се потврди трансродовиот идентитет“.

– Хомосексуалноста е абнормален избор на начин на живот, се наведува во соопштението.

Аналитичарите посочуваат дека Тексас има голем удел во американската политика со 38 електорски гласови, што е највисок по Калифорнија.

Во последните четири децении, гласачите во Тексас ги поддржуваа републиканските претседатели.

Според резултатите од последните анкети на агенциите „Ројтерс“ и „Ипсос“, околу две третини од републиканците веруваат дека поранешниот претседател Доналд Трамп бил украден на изборите.

Слични содржини