Ресенчанец ја претепал сопругата па со нож му се заканувал на нејзиниот татко

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

На 16.04.2023 во 19.15 часот во Ресен од полициски службеници од Полициската станица Ресен бил лишен од слобода Д.Н.(31) од Ресен поради тоа што во домот, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, а потоа со остар предмет упатил закани кон нејзиниот татко.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.