Решена мистеријата: Откриено кој се криел зад темната наметка на крунисувањето на Чарлс

од Stefanija Kuzmanovska
587 прегледи

Едно лице посебно го привлече вниманието на гледачите на крунисувањето на кралот Чарлс Трети минатата сабота. Станува збор за човек облечен во црна наметка со качулка и голем стап. Изгледаше сенишно, како Смртта, додека минуваше низ Вестминстерската опатија.

Многумина веднаш се запрашаа која може да биде таа силуета во наметката, а набрзо почнаа шегите дека тоа е самата Смрт.

Но, мистеријата е решена, пишува „Дејли мејл“ и додава дека се работи за црковен човек кој не припаѓа на свештенството, туку помага во верските служби. Ова го откри самата Вестминстерска опатија откако беше контактирана од магазинот Newsweek.

Така, морничавите теории за тоа дека Смртта е непоканет гостин на крунисувањето се отфрлени, а сега се знае дека станува збор за личност која помагала во самата служба за време на крунисувањето.

Слични содржини