Решено: Милан го продава Донарума на ПСЖ во текот на летото

од Vladimir Zorba

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума сака да го напушти клубот и токму тоа е причината поради која „росонерите“ ќе потпишат со Пепе Реина, тврди „Кориере дело Спорт“.

Шпанецот ги помина лекарските прегледи на „Сан Сиро“ вчера и ќе се приклучи кон тимот во текот на летото, кога неговиот договор со Наполи истекува.

Кон Џиџи интерес не недостасува и 19-годишниот голман е посакуван од ПСЖ и еден куп топ тимови.

Голманот потпиша нов договор со тимот, па така и од Милан можат да бидат сигурни дека ќе земат добри пари за него.

Се очекува тимот да сака барем 60 милиони евра за младиот голман, а слична бројка не би претставувала никаков проблем за ПСЖ, кој е и главен фаворит за неговиот потпис.

Следната сезона, Реина се очекува да биде под рамките на голот на „росонерите“.

Слични содржини