Вториот по големина град во Египет – Александрија, беше покриен со снег, на изненадување на неговите жители.
Реткиот феномен за регионот ги преплави социјалните мрежи преку фотографии и видеа.
Поради неповолната временска прогноза, властите го затворија пристаништето во Александрија, кое е најголемо во државата, како и пристаништето во Делија.
Во окрузите Каиро и Александрија учениците останаа дома.
Во северниот дел од земјава се очекува и песочен ветер кој ќе доведе до опаѓање на температурите и намалена видливост.
Александрија, основана од Александар Велики и именувана по него, се наоѓа на Средоземното Море, помеѓу езерото Мареотис и островот Фарос, со кој е поврзана со широк насип наречен Хептастадион.
Населен е со околу 5,2 милиони луѓе.
Познатиот светилник на Александрија на островот Фарос се смета за едно од седумте светски чуда.