Ретка сина супермесечина го осветлува ноќното небо неделава, ќе се појави повторно во 2037 година

од Stefanija Kuzmanovska
411 прегледи

Ретка сина супермесечина го осветлува ноќното небо оваа недела, вечерва ќе биде втората полна месечина во текот на август, поради што се нарекува сина, а се нарекува супермесечина затоа што е поблиску до Земјата од вообичаено, па изгледа поголема и посветла.

Ова ќе биде најблиската полна месечина до Земјата оваа година и ќе биде оддалечена само 357.344 километри, објави АП.

Таа е за повеќе од 160 километри поблиску до Земјата од супермесечината од први август. Покрај тоа, Сатурн ќе биде видлив како светла точка во горниот десен агол на Месечината при зајдисонце, соопшти НАСА.

Овој феномен ќе се појави повторно во 2037 година.

Слични содржини