561
Актерката Маргот Роби во последните месеци е една од главните теми на светските медиуми поради филмот „Барби“ кој моментално се емитува во кината и е многу популарен.
Се шпекулира дека поради ова достигнување таа на крајот ќе добие многу награди, а и нејзиниот сопруг би можел да добие една од нив.
Имено, копродукцијата на овој филм ја потпишува сопругот на Маргот Роби и познат продуцент Том Акерли.
Марго и Том се запознале на снимањето на „Suite Francaise“, а во 2016 година решиле да се венчаат.
Венчавката била тајна, како и целата нивна врска и бракот, а ретки се ситуациите кога се појавуваат заедно во јавност.
Инаку, Том Акерли во младоста глумеше во филмовите за Хари Потер, но подоцна одлучил да биде продуцент и режисер наместо актер.