515
Јелена Карлеуша отворено зборува за многу приватни проблеми, но своите браќа Иван и Никола речиси никогаш и да не ги спомнала пред јавноста.
Всушност, се работи за нејзини полубраќа од вториот брак на татко ѝ Драган.
Јелена иако ретко зборува за нив, всушност е во добри односи и често поминуваат време заедно, а тие ѝ се голема поддршка и во работата, но и во приватниот живот.
Фотографијата на Инстаграм ја објави брат ѝ Иван Карлеуша, а во описот напиша „сестра и браќа“. На тоа, дивата одговори само со неколку срценца.