Ретривер го изел пасошот на младоженец пред неговата венчавка од соништата

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Брачна двојка од Масачусетс можеби ќе треба да се збогува со својата свадба од соништата во Италија, откако нивниот сакан златен ретривер го изел пасошот на младоженецот.

Донато Фратоли и Магда Мазри од Јужен Бостон требаше да отпатуваат за Италија на 25 август на нивната планирана венчавка на езерото Гарда на 31 август.

Дури и со забрзаниот процес, потребни се околу пет до седум недели за Стејт департментот да издаде нов пасош.

„Ова е целосно апсурдно. Не можам да спијам“, изјави Фратоли за Fox News.

Иако на парот не му е до смеење, нивната „ситуација“ предизвика бројни реакции, прво во Бостон, а потоа и ширум САД.

На Инстаграм, објавата собра повеќе од 400.000 лајкови и 3.000 коментари.

Слични содржини