Модата е слобода и начин на изразување. Кога сакате да бидете вистински извонредни, вам ви е потребно нешто навистина посебно, што ќе ве разликува од сите. Ви претставуваме колекцијата на Gucci за пролет-лето 2016.
Во неа секој елемент и парче ткаенина се уникатни. Кои ќе се главните акценти за следните сезони кои брендот ги дефинира како водечки?
Креативниот директор Алесандро Мишел и неговиот тим, посветија посебно внимание на свилените блузи, чипкани кошули, монограмски мантили, како и на цветните везови дополнети со мотивите на брендот.
Линиите на панталоните, мантилите и јакни потсетуваат на 70-тите години на минатиот век. Една модна закачка, која не би била толку совршена без ретро очилата. Она што го мотивира Алесандро за храбрите одлуки во колекцијата е желбата да вклучи нешто старо, на што ќе предаде целосно нова смисла. И навистина тоа го постигнал!
Една палета на бои, ткаенини, дезени. Не пропуштајте да додадете во вашата гардероба бои како жолта, розова, виолетова, зелена, лосос, темносино и црвено.
Од фустани и блузи со украсени со бисери и многу сјај, до змиски принт, 3-D цветни мотиви, плетени баретки, вратоврски и рамни мокасини. Бидете извонредни, а не здодевни! Видете уште фотографии во галеријата