Состојки:
2 чаши ориз
1 чаша рендан пармезан
4 јајца
250 г моцарела
1 чаша лебни трошки
100 мл масло
2 сол
Подготовка:
Оризот се вари. Во меѓувреме се загрева маслото во длабока тава на средна температура.
Во одделен сад се мешаат 2 јајца, оризот и пармезанот. Смесата се замесува со раце додека се мешаат добро производите. Од смесата обликувајте мали топчиња со раце. Направете кугли со раце од мали парчиња. Кон секое оризово ќофте додадете и парченце моцарела. Повторно оформете ја со раце тркалезната форма на аранчините.
Промешајте ги другите 2 јајца. Извалкајте ги во нив аранчините, потоа во трошки. Пржете на средна температура. Откако се подготвени извадете ги од тавата и наредете ги врз кујнска хартија за да се исцеди маслото.