Состојки:
500 г мелено месо мешавина
2 глави кромид
1 јајце
1 пакет кори за баница
сол
црн пипер
магдонос
50 мл масло
Подготовка:
Замесете го меленото месо со зачини и јајце. Исечете го кромидот на многу ситно. Додајте го и него кон меленото месо и замесете одново. По желба можете да го запржите филот, а можете да го оставите и суров. Се шират корите. Намачкајте ја секоја кора со малку масло пред да ставите 1-2 лажици од фил. Вртете ја секоја подготвена кора и подредете ја во намачкан послужавник. Печете во загреана на 200 степени печка.
166