Состојки:
3 јајца
50 г путер, за полевање ќе ви требаат уште околу 200-250 г
сол
1 кафе чаша вода
брашно колку за замесување
1 л млеко
шеќер по вкус
3-4 ванилин шеќер
Подготовка:
Ставете ги јајцата во сад заедно со маслото и измешајте ги добро. Додадете ги водата, солта и брашното, колку да се замеси меко тесто. Поделете го на 4-5 топчиња и од секоја расукајте тенка кора.
Намачкајте го калапот со путер. Наредете ги корите во еден ред и намачкајте обилно со стопен путер. Печете во загреана рерна на 180 степени до мирување.
Почекајте корите да се изладат добро. Потоа наредете ги една врз друга и преливајте со топлото млеко кое сте го засладиле на вкус и во кое сте додале ванила.
Покријте го садот со крпа и оставете го млекото да се впие.