Состојки:
3 големи банани
1 и ½ чаша течно чоколадо
3 јајца
2 лажици какао
1 и ½ лажичка сода бикарбона
Подготовка:
Излупете ги бананите, исечете ги на парчиња и ставете ги во блендер. Кон нив додадете ги и останатите состојки. Мелете до добивање на хомогено тесто. Прелијте го тестото во благо подмачкана тава. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.
412