Состојки:
400 г пилешки гради
1 лажичка фино мелен ким
малку лута пиперка
сол, црн пипер
масло
грутка маслец
4 пиперки
500 г свежи печурки или други по ваш избор
2 чешниња лук
1 кромид
неколку страка магдонос
Подготовка:
Исечете го пилешкото на фини парчиња и зачинете со ким, црвена лута пиперка, сол и црн пипер. Загрејте малку масло во тава, а потоа испржете го пилето.
Откако е подготвено во истата тава одмрзнете мало парче путер и запржете го за 7-8 минути исечениот зеленчук. Додадете го пилешкото и гответе уште 5-10 минути. Послужете со крцкав леб.