[РЕЦЕПТ] Чизкејк со течно чоколадо без печење

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Состојки:
300 г бисквити по ваш избор
6-7 лажици масло
400 г течно чоколадо
100 г мелени лешници
450 г крем сирење
1/2 чаша шеќер во правfebdd1a4929540aef15edc0bc1ddb4a5

Подготовка:
Во кујнски блендер издробете ги бисквитите и додадете кон нив една лажица течно чоколадо и масло. Кон добиената хомогена смеса додадете три лажици лешници и раширете добро (и притиснете) во форма за торта.

Ставете во фрижидер да се стврдне за околу 30-40 минути. Потоа во сад со помош на миксер, измешајте крем сирење, шеќер во прав и течното чоколадо. Дистрибуирајте го кремот на тестото и посипете со ореви. Покријте со фолија и ставете во фрижидер за 3-4 часа.