209
Чоколадна овесна каша, секогаш добар предлог за појадок.
Состојки:
– 50 гр овесна каша
– 200 мл млеко
– 1 кафена лажичка какао
– 50 мл сок од портокал
– 1 лажичка мед
– по желба малку цимет
-половина дланка печени сечкани бадеми
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во сад и се варат на умерена температура неколку минути, додека течноста не испари.
Потоа додадете сечкани печени бадеми и малку цимет и сè измешајте.
Украсете по желба со други јаткасти плодови.
Пријатно!