[РЕЦЕПТ] Дип со пушена скуша

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Производи:
1 конзерва цеден грав
1 пушена скуша исчистена
1 мала главица црвен кромид
1 лажица каперси
неколку капки маслиново масло
сол, црн пипер и сок од лимон по вкус
1/2 лута пиперка, по избор
Подготовка:
Исцедете го гравот, исплакнете го и ставете го во кујнски блендер. Додајте чистена риба, кромид, каперси и зачини. Измешајте го сето тоа.

Ставете го како дип во соодветен сад и служете со крекери или помфрит.