Состојки:
400 г пилешко, свинско или телешко месо дроб, кој може однапред да е варен или печен
1 морков
100 г масло
1 кромид
2 чешниња лук
сол, црн пипер
Подготовка:
Во тава загрејте малку масло и ставете да се пропржи малку сецкан кромид, лук, морков и магдонос. Откако зеленчукот ќе омекне, додадете сецкан на мали парчиња дроб, кој може да биде претходно сварен.
Зачинете со сол, црн пипер и ако е потребно додадете уште масло. Откако дробот ќе се зготви, префрлете ја смесата во кујнски робот (или со помош на блендер) и ситнете до добивање на хомогена смеса. Послужете со тост леб.
226