[РЕЦЕПТ] Филе од пастрмка со домати и босилек

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Состојки:
500 г филети од пастрмка
200 г домати, исечени
2 страка свеж босилек, сецкани
4-5 тркалца кромид
3-4 лажици маслиново масло
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер953fbfc53d5a703d4e16068b834df00f

Подготовка:
Зачинете го добро рибното филе со зачините. Наредете го врз хартија за печење во плитка тава. Врз рибата распоредете на парчиња доматите. Посипете го со босилок и кромидот, кој претходно сте го исецкале. Полејте со маслиново масло и ставете ја рибата во хартијата. Може да користите и алуминиумска фолија по желба.
Печете во загреана на 200 степени печка за околу 15 минути.