Рецепт: Фритата со зеленчук и сланина

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Вкусен појадок со зеленчук и сланина.

Состојки:

– 1 зелена пиперка

– 1 црвена пиперка

– 2 прачки праз

– сечкана сланина

– малку лута пиперка

– 6 јајца

– 50 гр пармезан

– 100 гр рендано тврдо сирење

– зачини

– Малку млеко

Подготовка:

Сланината, црвената, зелената и лутата пиперка исечкајте ги на коцки, а празот на прстени.

Се матат 6 јајца, се додава малку млеко, за да стане пенеста фритатата, половина пармезан и малку зачини, но не премногу, ако сланината е солена.

Користете тавче што може да оди во рерна. Во него малку пропржете ја сланината и додадете го зеленчукот да се пржи додека да испари водата.

Потоа додадете ја смесата со јајцата и оставете малку да се испече, па додадете го ренданото сирење и оставете уште малку на умерена температура.

Посипете со остатокот од пармезанот и печете на 200 степени околу 20 минути.

Пријатно!

Слични содржини