Состојки:
2 чаши мелени обични бисквити
1/3 чаша стопен путер + уште 2 лажици
450 г крем сирење
¼ чаша кафеав шеќер + уште една четвртина
¼ чаша бел шеќер
2 лажици пченкарно брашно
1 лажица цимет + уште 1 лажица
¼ лажица изрендан ѓумбир
1 лажица течна ванила
¼ чаша овесни снегулки
¼ чаша брашно
2 зелени јаболка
карамел за попрскување
Подготовка:
Измешајте ги мелените бисквити со маслото. Измешајте додека не се добијат маслени трошки. Наредете ги трошките на дното на послужавник, па да играат улога на кора. Притиснете ги добро со рацете.
Измешајте го во голем сад крем-сирењето, ¼ од кафеавиот и од белиот шеќер, скроб, циметот, ѓумбир, ванила. Промешајте со миксер до добивање на густ крем.
Во друг сад измешајте ги овесните снегулки, 2 лажици стопен путер, ¼ чаша кафеав шеќер, 1 лажица цимет. Промешајте со вилушка додека се мешаат добро. Врз тестото распоредете крем фил. Наредете ги претходно излупените и исечени на полумесечина јаболка. Потоа врз нив раширете ја смесата со овесните снегулки.
Печете во загреана на 180 степени печка за 30 минути. Послужете го крамблот, посипете со прегорен шеќер за вкус.