Состојки:
2 и 1/4 чаши брашно
1 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка сол
1 чаша маргарин
1 и 1/4 чаша шеќер
2 големи јајца
1 лажиче ванилин екстракт
1/4 чаша какао во прав
1-2 чоколадо за декорација по ваш избор
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Во сад измешајте брашно, сода бикарбона и сол. Одделно измешајте ги маргаринот и шеќерот и постепено додадете кон нив јајца, ванила и смесата со брашното.
Конечно ставете го какаото. Во тава врз хартија за печење, со помош на лажица, оформете мали кругови од тестото со дијаметар од околу 5 см. На секое ставете по 2-3 парчиња чоколадо. Печете околу 7 минути или до целосна подготвеност. Оставете ги бисквитите да се оладат неколку минути пред да сервирате.