Брзо тесто кое лесно им успева и на почетници:
Состојки:
250 гр брашно
20 гр квасец
1 лажичка шеќер
малку сол
1 јајце
30 мл. масло
200 мл млеко
Подготовка:
Во млако млеко растопете го квасецот и шеќерот, а кога ќе надојде, додадете го јајцето, маслото, брашното и замесете мазно тесто.
Оставете го да одмори. Протресете го тестото на набрашнета маса.
Тестото поделете го на осум еднакви делови и обликувајте ги во топчиња и покријте ги со фолија. Секое топче расукајте го со сукало по должина, долниот дел исечете го еден сантиметар, а средината исечете ја на неколку парчиња.
Во горниот дел ставете го сирењето, а горниот дел малку превиткајте го и притиснете со прстите. Средината соберете ја малку, па одоздола повлечете ја исечената лента и свиткајте и спојте.
Завиткајте во пунџа и свртете. Се редат во подмачкана тава. Покријте да одмори, па премачкајте со жолчка и печете на 200 степени.
На здравје!