Состојки:
2 големи компири
185 г туна од конзерва (која била во растително масло)
2-3 страка зелен кромид или една мала глава црвен
1-2 чаша пченка од конзерва
сол, црн пипер
1 големо јајце
½ чаша лебни трошки + уште околу чаша за валкање на ќофтињата
Подготовка:
Сварете го компирот, потоа ставете го во сад. Кон него додадете исцедена туна, сецкан кромид, сол, црн пипер, трошки, пченка и јајце. Добро промешајте. Од добиената смеса обликувајте мали и рамни ќофтиња.
Истурете во чинија лебни трошки и извалкајте го секое ќофте. Во добро загреана тава ставете мала количина маслиново масло и ќофтињата. Послужете со сос по ваш избор.