Состојки:
300 г леќа
3 јајца
2 лажици брашно
сол
црн пипер
оригано
лебни трошки
Подготовка:
Сварете ја леќата. Важно е да се свари добро, за да се претвори лесно во каша. Исцедете ја водата. Иситнете со блендер. Измешајте со зачините и матени јајца. Додадете брашно и со раце замесете лепливо тесто.
Загрејте масло во длабока тава на средна температура. Извалкајте го секое претходно оформено ќофте во лебни трошки и пржете до добивање златна боја. По желба посипете со свеж магдонос.