[РЕЦЕПТ] Кокосов рај

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Состојки:
250 г путер
4 јајца
300 г шеќер
400 г суво грозје
крем
1 чаши брашно
кокосови струготини
5 зелени смокви (од слатко)
бадемови струготини
400 г сладолед
Подготовка:
Однапред стопете го путерот. Додадете го кон него шеќерот. Одвојте ги жолчките од белките, а кон жолчките додете го брашното и есенција од ванила. Сето ова се мати со миксер.
Потоа белковините се матат до добивање на снег и се додаваат кон остатокот од мешавината.
Внимателно се мешаат заедно со претходно натопени суво грозје во амарето. Се мешаат добро и се додаваат во смесата. Потоа смесата се истура во калап за торта покриена со оризова хартија. Се пече 30 минути на 170 степени. Потоа се чека да се излади, се полива со крем.

Конечно посипете со кокосовите струготини. Додете и бадеми и ореви на  врвот и зелени смокви за декорација. При сервирање во чинијата може да се стави за декорација и топка сладолед.