Рецепт: Компири со пармезан и рузмарин

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Крцкави компири од рерна, можете да ги послужите како прилог или сами со сос од павлака.

Состојки:

– 1 кг компири

– 40 мл маслиново масло

– 3 чешниња лук

– 30 гр пармезан

– сол, бибер, мелен црвен пипер

– 3 лажици презла

– Рузмарин

Подготовка:

Излупете ги и исечете ги компирите на мали четвртини или коцки. Измешајте ги со масло, сечкан лук, пармезан, презла.

Зачинете по вкус со мелен пипер, бибер и добро измешајте.

Се става преку нив рузмарин и се пече на 190 степени 35-40 минути. Измешајте ги компирите на половина печење.

Послужете со сос од павлака измешан со изрендано фета сирење и зачини.

Пријатно!

Слични содржини