275
Супа од зеленчук која ќе ве стопли во зимските денови.
Состојки:
– 500 гр моркови
– 1 лажичка рендан корен од ѓумбир
– 750 мл вода
– 2 коцки за супа од зеленчук
– 200 мл млеко
– малку печени бадеми, крупно сецкани
– 1 лажица маслиново масло
– Сол, бибер
Подготовка:
Морковите исчистете ги, исечете ги на тенки прстени и ставете ги во врела вода.
Потоа додадете ги коцките и ѓумбирот и варете околу 15 минути.
Тргнете го од шпорет и сварениот зеленчук заедно со течноста испасирајте го, додадете го млекото и оставете сè да зоврие нежно.
На крај додадете го маслиновото масло и печените бадеми.
По желба послужете ја крем супата со лажица кисела павлака.
Пријатно!