Рецепт: Крем супа од тиква

од Vladimir Zorba
371 прегледи

Одличен избор за февруарски денови…

Состојки:

– 500 гр тиква
– 100 гр моркови
– 1 поголем компир
– 1,25 л. бистра супа
– 100 гр кисела павлака
– 50 гр масло
– 1/2 кромид
– 1 гранче рузмарин
– Бибер
– Сол

Подготовка:

Излупете ги и исечете ги тиквата и компирот на коцки. Исечете го морковот на прстени, а кромидот на мали парчиња.

Загрејте го маслото, додадете го исечканиот кромид и пропржете. Потоа додадете ги тиквата, компирот и морковите, прелијте со малку супа, додадете рузмарин, зачинете по вкус и динстајте неколку минути.

Истурете го остатокот од супата и варете додека зеленчукот целосно не омекне. Готовата супа тргнете ја од оган, извадете го гранчето рузмарин и сè поминете низ густо сито.

Потоа вратете ја супата на шпорет, оставете да зоврие, ставете ја павлаката и кратко провријте. Послужете топло.

Пријатно!

Слични содржини