[РЕЦЕПТ] Ладна супа од тиквички

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Состојки:
3-4 тиквички
2 лажици ориз
2-3 лажици масло
1 врска копар
7-8 зелени сливи
1 морков
1 глава кромид
1 јајце
1 лажица  брашно
1 јогурт
Подготовка:
Се става водата со малку сол да зоврие. Се додава сецкана глава кромид. Се рендаат на ситно ренде моркови и се додава и тој. Се ставаат и рачките на врската копар. Тиквичките се сечат на коцки и се додаваат кон вкупната смеса. Штом ќе зоврие, додадете 2 лажици ориз. Се додаваат 7-8 зелени сливи.
Штом оризот е варен, се додаваат 2-3супени лажици масло и се вари уште 2 минути. Се вадат  рачките на копарот. Се додава јајцето, скршено со брашното и јогуртот. Се посолува сè и ако е потребно се закиселува со лимон. Се додава сецканиот копар. Се јаде по ладење во фрижидер. Дејствува беспрекорно!