Состојки:
1/2 шише бело вино за мраз
1/2 шише бело вино за мешање
1 чаша ледена домашна лимонада
1 чаша замрзнати јагоди, но може и свежи
1/3 чаша рум
Подготовка:
Во садот за мраз истурете го виното и ставете го во комора, за да се замрзне. Потоа ставете ги винските коцки во блендер и додадете кон нив неколку коцки замрзната домашна лимонада, јагодите, остатокот од виното и румот.
Сето се бленда до добивање на совршена мазност и се сервира во висока чаша со сламка.
288