Состојки:
половина тиква (околу кило)
1/2 литар млеко
150 гр шеќер
100 гр ориз
3 суп. лаж масло
2 суп. лаж. шеќер во прав
1 пакетче ванила
1 ч л цимет во прав
Подготовка:
Исчистете, излупете и исечете ја на средни коцки тиква. Земете млеко на собна температура. Додајте и измешајте го шеќерот, до топење. Додадете и ванила.
Во намачкана со масло тава наредете половина коцки тиква, додадете го оризот и на него наредете ги останатите коцки. Истурете со млекото и одозгора ставете парченца путер. Ставете да се пече на умерена рерна до зацрвенување. Кога ќе се излади – посипете со шеќер во прав, со цимет по вкус.