[РЕЦЕПТ] Летен сос со сирење и јогурт

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Состојки:
170 г козјо сирење или обично
2 лажици јогурт
2 лажички маслиново масло
неколку страка свеж копар и магдонос
неколку листови свежа мајчина душица
сол, црн пипер
лукче
Подготовка:
Ставете ги во кујнски робот сирењето, јогуртот и маслиновото масло и измешајте до совршена мазност. Потоа ставете ја смесата во сад и додадете сецкани билки, сол и бибер по вкус. Покријте го купот со проѕирна фолија и ставете барем за час во фрижидер да се излади смесата.
Послужете со  ленти краставици, пиперки, стракчиња целер, за да се удобни за потопување во сосот или како гарнир кон компири, месо.