[РЕЦЕПТ] Летна салата со лубеница, домати и рукола

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Состојки:
200 гр лубеница
250 г сирење
200 г рукола
½ чаша маслиново масло
100 г домати
1 лажица балсамик оцет
1 кромид
5-6 ливчиња нане
1 грст маслинки
1 краставица
сокот од ½ лимон051d5ba1eabbca16aefba7fc4a4d7c9e

Подготовка:
Измешајте го маслиновото масло, сокот од лимон и оцетот, за да приготвите дресинг. Исечете го на ситно кромидот. Лубеницата се сече на големи коцки откако претходно сте ја исчистиле од семки. Сирењето исто така се сече на коцки или се додава.

Измијте ја руколата, исцедете ја и ставете на дното на садот за салата . Наредете на неа парчиња лубеница. Исечете домати на половинки, а краставиците на тркалца и  распрснете ги во садот.

Посипете со сирењето.

Полејте обилно со преливот и промешајте. Декорирајте со ливчиња нане и маслинки по желба.