Состојки:
2 парчиња лосос
400 г брокула
сол, црн пипер
маслиново масло
За преливот:
2 чешниња толчен лук
1 лажичка рендан ѓумбир
бибер по вкус
2 лажици соја сос
1 лажица мед
Подготовка:
Во сад се комбинираат состојките за преливот. Зачинете ја рибата со него од двете страни, но направете го тоа врз хартија за печење.
Од двете страни на рибата ставете ги розичките брокула и зачинете ги со малку маслиново масло, сол и црн пипер. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути.